Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведен дилер
По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип го лишиле од слобода А.С.(32) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик