Кривична пријава за малолетник од Струга, крадел техничка стока, пари, предмети, музички инструменти, облека и друго
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 17-годишник од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба“.