Двајца Скопјани аплицирале за учество во руски воени дејствија во Украина, едниот починал, другиот доби кривична пријава
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против Љ.Б.(37) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.