МВР: За еден час пронајдено одземено возило, сторителот e приведен
Гостиварската полиција денеска околу 13 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје, поради сомнение дека денеска од паркинг на Градежен институт-Скопје одзел патничко возило „тојота хајлукс“, сопственост на Институтот, кое било оставено со клучеви на бравата