Кривична пријава за загрозување на животната средина со отпад
СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ф.И.(52) од Скопје за сторено кривично дело ,, Загрозување на животната средина со отпад" од член 230 ст.3 од КЗ и против правно лице на кое што првопријавениот е управител, заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,, Загрозување на животната средина и природата со отпад"