Казнет 191 возач во Скопје, 43 за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 39 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 16 санкции за возење без возачка дозвола, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти Министерството за внатрешни работи