Косовската полиција заплени камион кој шверцувал комерцијални стоки а влегол од Македонија
Во соопштението на косовското МВР се наведува дека во камионот, кој бил запрен во селото Кабаш откако не ја испочитувал претходната полициска наредба да застане, биле откриени различни стоки, како авто-делови, прехрамбени производи и стимулирачки медицински средства од типот „камагра“.