26 годишна девојка физички нападната од бившиот пред кафана во Аеродром
На 03.04.2022 во 16:20 часот во Полициската станица Аеродром, 26-годишна скопјанка пријавила дека во 15:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Х.Ц. од Скопје, со кого претходно била во љубовна врска.