Могерини уште еднаш повика членките на ЕУ да отворат преговори со Македонија
Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, ден пред клучниот состанок на ЕУ министрите каде треба да се разгледува препораката за старт на преговори со Македонија, повторно ги повика земјите членки да го наградат напредокот на Македонија.