Спорот околу мигрантите ја намалува популарноста на коалицијата на Меркел
Спорот во германската Влада околу мигрантските прашања доведува до засилување на националистичките партии како што е Алтернативата за Германија (АФД). Според анкета на весниот „Билд ам Зонтаг“, поддршката на двете владејачки конзервативни партии, ЦДУ на Ангела Меркел и баварската ЦСУ, паднала на 31 процент, два проценти помалку отколку во претходната анкета.