„Волстрит џурнал“: Во вторник средба на министрите за енергетика на САД и Русија
Министрите за енергетика на САД и Русија, Рик Пери и Александар Новак, треба да се сретнат идната недела во Вашингтон, во време кога претседателот Доналд Трамп заговара зголемување на производството на нафта, објави синоќа „Волстрит џурнал“, јави дописникот на МИА од Вашингтон.