Германски Зелени: Германија заработила речиси три милијарди евра од програмите за спас на Грција
Германија добила многу од милијардите евра помош за поддршка на Грција, со тоа што од 2010 година заработила околу 2,9 милијарди евра од камати за грчките државни обврзници, јави АНА-МПА која се повикува на одговор на германската федерална Влада на прашање на Зелените во Германија.