Светските медиуми коментираат: Историски договор со кој се реши еден од најсложените спорови
По речиси три децении, еден од најсложените балкански спорови е завршен на брегот на Преспанското Езеро, со потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција, официјално најавувајќи нова ера на мир, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“.