Акционери на „Фејсбук“ побараа оставка од Закерберг
Годишниот состанок на акционерите на „Фејсбук“, настан на кој обично нема никакви случувања, годинава се карактеризираше со излив на бес и фрустрации во соочувањето на инвеститорите со директорите на компанијата, зад која стои година полна со скандали, наведува Ен-Би-Си Њуз.