Голем број приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп ја поддржуваат идејата актуелниот шеф на Белата куќа да добие Нобелова награда за мир.
Американски конгресмени од редовите на демократите објавија 3.500 реклами од Фејсбук, кои ги направила или промовирала руската компанија Агенција за истражување на интернетот.
Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека го поддржува правото на Сирија да се брани од израелската агресија и ја обвини меѓународната заедница.
Во синоќешниот телефонски разговор претседателите на Турција и на Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин се согласија дека е погрешна одлуката на САД за повлекување од Договорот за иранската нуклеарна програма.
Министерот за здравство на Конго, Оли Илунга потврди дека во северозападниот дел на земјата регистриран е прв смртен случај од ебола.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Европа да се обедини во денешниот се посложен свет и пред едностраните активности на САД, за прашања како што се климатските промени и иранскиот нуклеарен договор.
Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека неговата средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе се одржи на 12 јуни во Сингапур.
При израелските воздушни напади врз цели во Сирија загинаа три лица, а две други се повредени, соопшти денеска претставникот на сириската армија, бригардниот генерал Али Мајхуб.
Иранските напади врз израелски цели на Голанската Висорамнина не доведуваат пред прашањето на војна или мир на Блискиот Исток, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
Од исклучитечна важност е Иран да го почитува Договорот за неговата нуклеарна програма, а Москва може да го искористи своето влијание врз Техеран за да го убеди да го стори тоа, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.