Новартис ја купува американската компанија Авексис за 8,7 милијарди долари
Швајцарскиот фармацевтски гигант Новартис соопшти дека за 8,7 милијарди долари ќе ја купи американската компанија Авексис, со цел да стане лидер во лекување на невродегенеративни болести, неизлечиви болести на нервниот систем.