Инцидент кај Бундестагот, маж се обиде да стигне до Меркел
Откако во Бундестагот беше по четврти пат избрана за канцелар на Германија, Ангела Меркел, се случил безбедносен инцидент. Еден маж се обидел да се пробие низ гужвата до Меркел, додека излегувала од зградата на германскиот парламент на пат кон претседателот на државата, Франк-Валтер Штајмајер.