Стратешки бомбардери на американското Воено воздухопловтсво од типот „Б-1Б Лансер“, во придружба на авиони-ловци, прелетаа во близина на брегот на Северна Кореја, соопшти синоќа Министерството за одбрана на САД.
Шест лица се повредени синоќа во реонот на Стратфорд, во источниот дел на Лондон, при „инцидент со киселина“, соопшти лондонската полиција, додавајќи оти „не верува дека станува збор за тероризам“.
Околу 61,5 милиони Германци со право на глас денеска се изјаснуваат на изборите за нов состав на Долниот дом на Федералниот парламент, Бундестагот, од што ќе зависи кој ќе раководи со земјата во следниот период.
На плоштадот беше поставен и огромен плакат со натпис „Одговорот на Кореја“, на кој беа прикажани балистички ракети како паѓаат врз американскиот Конгрес.
Потресот бил на длабочина од 74 километри под океанското дно, со епицентар на 48 километри југозападно од мексиканскиот град Паредон.
Францускиот претседател Емануел Макрон во вторник во обраќање на универзитетот Сорбона ќе предложи план за реформи на Европската унија, соопшти синоќа Елисејската палата.
Претседателот на САД, Доналд Трамп ја продолжува вербалната војна со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун и го нарекува „лудак“ на Твитер.
Најмалку 15 лица загинаа во Порторико по ударот на ураганот Марија, што го погоди островот како бура од четврта категорија.
Три европски авиокомпании донесоа решение да ги променат маршрутите над Јапонија заради неодамнешните севернокорејски ракетни проби, јави телевизијата Ен-Ејч-Кеј.
„Скапо ќе плати тој човек кој е врховен командант на САД поради говорот во кој повикува на тотално уништување на Северна Кореја“, рекол Ким Џонг-ун, пренесува севернокорејската новинска агенција КЦНА.