Десет лица загинаа од ураганот „Ирма“
Билансот на жртвите од ураганот Ирма се искачи на 10 лица, јави Си-Ен-Ен. Најмалку осум лица загинаа, а две се потешко повредени на островите Свети Мартин и Свети Вартоломеј, едно лице загина на Ангвили, а двегодишно дете го загуби животот на Барбуди.