Рускиот премиер Димитри Медведев рече дека САД со воведувањето нови санкции ѝ објавиле трговска војна на Русија и додаде дека нема надеж дека односите на двете земји ќе се подобрат.
Турскиот врховен воен совет на денешното годишно заседание одлучи да ги смени командантите на копнените, воздушните и поморските сили.
Катар склучи денеска зделка со Италија за седум воени бродови во вредност од пет милијарди долари, изјави катарскиот министер за надворешни работи, Мохамед Амбдулрахман ал Тани.
Молдавија го прогласи рускиот заменик-премиер Дмитриј Рогозин за персона нон грата поради изјавата, која тој ја даде, по спречувањето на неговото патување во поранешната советска република.
„Викиликс“ објави 21.075 мејлови од претседателската кампања на францускиот претседател Емануел Макрон.
Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека 755 американски дипломати треба да ја напуштат Русија, што, според него, е „чувствително количество“, пренесе ТАСС.
Неколкумина полицајци се повредени во венецуелската престолнина Каракас, во експлозија за време на антивладини протести.
Северна Кореја соопшти денеска дека нејзиното последно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, извршено во петокот навечер е остро предупредување до САД поради нивната желба да наметнат нови санкции на Пјонгјанг.
Шкотскиот министер за еконономија Кит Браун упати писмо до надлежните органи во кое бара шкотското виски да биде дефинирано во зкаонот на Велика Британија како „витална индустрија на виски“, откако Британија ќе ја напушти ЕУ.
Полските власти и порачаа на Европската комисија дека не е надлежна да покренува постапка против Полска поради реформите во правосудството.