Финансирањето на НВО од страна на ЕУ е недоволно транспарентно, оценија европските ревизори
Европските невладини организации во периодот од 2021 до 2023 година од ЕУ добиле финансиска поддршка од околу седум милијарди евра, но тоа финансирање било направено со недоволна транспарентност и отчетност, се наведува во извештај на Судот на ревизори на ЕУ.