Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
Американскиот мултимилијардер Илон Маск, член на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изрази надеж дека меѓу Европа и Северна Америка ќе се формира зона за слободна трговија, преку која бизнисот ќе се води без царини.