Увозот на нафта, гас и рафинирани производи не е на листата со огромните нови царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во видео-обраќање на повеќе јазици – англиски, германски и француски – ги коментираше новите царини воведени од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.
Анкетираните даваат лоша оценка за мерките на републиканецот во економијата, област во која неговите постапки ги одобруваат само 37 посто. Триесет проценти се оние на кои им се допаѓа неговата политика за справување со високите трошоци за живот.
- Претседателот Трамп може да го нарече денешниот ден - „Ден на ослободувањето“, но од гледна точка на обичниот граѓанин ова е „Ден на инфлацијата“, наведе германскиот европратеник Ланге во писмената реакција.
Данската премиерка Мете Фредериксен вети дека ќе го поддржи Гренланд откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази интерес за преземање на данската полуавтономна територија кога таа пристигна во Нук на разговори со новата влада, пренесуваат британските медиуми.
Метју Витакер, поранешен вршител на должноста генерален обвинител во првата администрација на Доналд Трамп, синоќа беше потврден од Сенатот за нов амбасадор на САД во НАТО. За неговата нова функција гласаа 52 сенатори, додека 45 се изјаснија „против“.
САД воведoа нови санкции против Русија, за првпат откако Доналд Трамп влезе во Белата куќа во јануари годинава.
Израел денеска најави значително проширување на воените операции во Газа, соопштувајќи дека ќе заземе големи области од енклавата и ќе ги додаде во своите безбедносни зони со масовна евакуација на населението.
Руски стратегиски бомбардер Ту-22М3 се урна денеска во областа Иркутск, во Сибир, јавија британските медиуми, повикувајќи се на руските агенции.
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог денеска изјави дека конфликтот во Украина е на работ на прекин на огнот, но дека двете страни мора да постигнат договор.