Зеленски: Драматично е проширен американскиот предлог за ретките минерали
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека Киев нема да прифати никаков договор за ретки минерали, кој би ја загрозил интеграцијата во Европска Унија, додавајќи оти е прерано за донесување на заклучок за „драматично проширениот договор“ предложен од САД.