Жерар Депардје призна дека ја допирал за колковите една од тужителките која го обвини за сексуален напад
Францускиот глумец Жерар Депардје призна дека ја допирал за колковите една од тужителките која го обвини за сексуален напад. Но, тој одрече дека се работи за напад, додавајќи и дека сите несоодветни коментари што ѝ ги дал, биле резултат на неговото лошо расположение.