Истражувањето, кое ја покрива зимата 2025 година, покажа и дека 66 отсто од граѓаните сакаат ЕУ да игра поголема улога во заштитата од глобални кризи и безбедносни ризици.
По долго и тешко боледување, почина 49-годишната Миа Лав, првата црна републиканка избрана во Конгресот на САД, соопшти нејзиното семејство.
Јужнокорејскиот производител на автомобили „Хјундаи“ ќе инвестира 21 милијарда долари во САД во следните четири години, изјави денеска во Белата куќа извршниот директор на компанијата Чунг Еуј-сун.
На барање на јапонската Влада суд во Токио нареди распуштање на Црквата на обединување, изјави извор близок до групата, која беше критикувана дека од своите членови бара финансиски уништувачки донации, објави Кјодо.
Тој не го критикуваше Зеленски од избувнувањето на целосната инвазија во февруари 2022 година, но вели дека неодамнешните санкции што му ги наметнаа украинските власти го натераа да проговори.
Со години се чинеше невозможно да се запре овој тренд: руските платеници успеаја да се етаблираат во се повеќе африкански земји, на покана на локалните власти. Во исто време, тие обезбедија пристап до вредни суровини како злато или тропско дрво.
Во тужбата се наведува дека администрацијата на Трамп ги прекршила федералните закони за приватност кога му дала на Одделот за владина ефикасност на Маск пристап до системите што содржат лични информации на десетици милиони Американци без нивна согласност.
Подарокот првпат го спомна Виткоф во интервју минатата недела со поранешниот водител на Фокс њуз Такер Карлсон. Виткоф му рекол на Карлсон дека Трамп „бил трогнат“ од портретот, кој го опишал како „убав“.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека ако претседателот на Соединетите држави Доналд Трамп не може да донесе мир во Украина, никој не може.
Членови на Советот за национална безбедност на САД ја користеле апликацијата „Сигнал“ („Signal“) да разговaраат за претстојната воена операција против јеменските Хути, и како еден од учесниците на затворената група се нашол и Џефри Голдберг, главен уредник на изданието „Атлантик“.