Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека очекуваната посета на американски претставници на Гренланд неделава, не е провокација.
Делегациите на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави вечерва ги завршија разговорите во Саудиска Арабија, кои траеја повеќе од 12 часа.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека Гренланд „можеби“ во иднина ќе биде дел од Соединетите Американски Држави.
Дневниот број на нови ХИВ инфекции ширум светот би можел речиси да се удвои без финансиската поддршка од САД, соопшти денеска во Женева претставник на програмата на Обединетите нации за борба против ХИВ и СИДА (UNAIDS).
„Многу сме загрижени поради систематското кршење на меѓународното право и продолжувањето на борбите во светот, почнувајќи од оние во последните денови во Појасот Газа“, рече Паролин на маргините на конференцијата „Самит за долговечноста во Ватикан: предизвик на времето“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го повика американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс да ја посети Украина, но, како што тврди, сè уште не добил одговор.
Во досегашниот тек на преговорите во Ријад, вчера се одржа средба меѓу американската делегација и украинските претставници, а денеска со руската делегација.
Претставниците на САД и Русија ги продолжуваат преговорите во Ријад повеќе од девет часа, по нова пауза, пренесуваат агенциите.
Чешка треба конечно да престане да увезува руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави денеска министерот за индустрија, Лукаш Влечек.
Новиот канадски премиер Марк Карни денеска изјави дека е подготвен да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп, но ќе го стори тоа според условите на Канада како суверена нација.