Повеќе од 1.130 демонстранти уапсени во последните неколку дена во Турција по апсењето на истанбулскиот градоначалник Имамоглу
Повеќе од 1.130 демонстранти се уапсени во Турција од почетокот на бранот протести поради приведувањето на водечкиот опозиционер, опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, во средата, соопштија денеска властите.