Германско МНР: Апсењето на градоначалникот на Истанбул е назадување на демократијата во Турција
Германското Министерство за надворешни работи го нарече апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу назадување на демократијата во Турција, и повика на фер судење и почитување на владеењето на правото, пренесува ДПА.