Две лица загинаа во украинскиот главен град Киев и едно во руската област Ростов во напади со беспилотни летала во текот на ноќта, соопштија властите.
Демонстрантите вееја знамиња на кои пишуваше „Нема повеќе крвопролевање“ и бараа прекин на војната, за да се обезбеди враќање на околу шеесет израелски заложници кои се уште се држат во Појасот Газа.
Канцеларијата на гувернерот на Истанбул денеска ја продолжи и ја заостри забраната за јавни собири во градот поради тековните протести против приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети војниците на позицијата на фронтот во близина на зафатениот град Покровск во регионот Доњецк во источна Украина.
Венецуела денеска објави дека се договорила со Вашингтон да ги врати венецуелските мигранти од Соединетите држави, една недела откако ги протера Венецуелците обвинети за припадност на криминални банди.
Најмалку три лица загинаа, а 14 се повредени во масовно пукање во парк во Лас Крус, Ново Мексико, соопшти денеска локалната полиција.
Министерот за енергетика рече дека ќе работи со енергетскиот регулатор на земјата, Офгем, за да се утврди што стои зад прекинот.
Кардиналот Виктор Мануел Фернандез вчера изјави дека папата добро реагира на лекувањето за пневмонија, но треба повторно да се навикне да зборува.
Министерството за одбрана на САД спроведува внатрешна истрага за „протекување на информации за националната безбедност“, но не прецизираше за што се работи.
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши притисок врз Украинците во Русија и на окупираните територии во нивната матична земја да земат руско државјанство или да се преселат на друго место, соопштија денеска британските разузнавачи.