Иранскиот парламент изгласа забрана за користење на Старлинк, сателитската интернет услуга на Спејс Икс на Илон Маск, јави денеска новинската агенција ИСНА.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека ќе направи сè што е во негова моќ за да се осигура дека гасоводот „Северен тек 2“ нема повторно да биде пуштен во употреба, објави денеска бриселскиот портал „Политико“.
Западот никогаш не успеал и никогаш нема да успее да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на средбата со неговиот киргистански колега Јенбек Кулубаев.
Германската влада сака да го забрза купувањето оружје и друга одбранбена опрема за да осигури дека земјата е способна да се спротивстави на какви било закани од Русија, се наведува во нацрт-законот во кој увид имаше ДПА.
Дрогата била пронајдена под контејнери на бродот во пристаништето Лондон Гејтвеј, источно од британскиот главен град, а властите наведуваат дека операцијата е извршена врз основа на разузнавачки податоци.
Новата шефица на Тајната разузнавачка служба на Велика Британија, МИ6, Блез Метруели, според документите, е внука на нацистички шпион познат како „месарот“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа во Белата куќа дека ќе го реши конфликтот со Северна Кореја, пренесуваат британските медиуми.
Руските сили ја презедоа контролата врз областа богата со литиум во близина на селото Шевченко во Донецката област на Украина, на само три километри од границата со Дњепропетровската област, објави „Ле Фигаро“.
- Работиме на тоа. Претседателот Путин ми се јави и рече: Ќе ми биде драго да ти помогнам со Иран’ Јас му реков: Направи ми услуга: јас ќе се справам со Иран, а ти помогни ми со Русија. Мораме да го решиме овој проблем’. Затоа мислам дека нешто ќе се случи таму, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.
Најстариот син на норвешката принцеза Мете-Марит, Маријус Борг Хејби (28), е обвинет за силување, сексуален напад и нанесување телесни повреди.