Руското министерство во соопштението наведува дека украинскиот напад бил извршен неколку часа по разговорот меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, во кој тие се согласиле Русија и Украина привремено да прекинат да напаѓаат објекти на енергетската инфраструктура.
Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, разговарале за можноста за одржување серија хокејски натпревари меѓу двете земји, соопшти Кремљ.
Шест балтички и скандинавски земји побараа Европската Унија да подготви јасна патна карта за брзо интегрирање на Украина во блокот, изразувајќи загриженост дека Унгарија се обидува да го попречи процесот, пренесе Укринформ.
Крајнодесничарскиот израелски политичар Итамар Бен-Гвир, кој поднесе оставка во јануари во знак на протест против примирјето со Хамас, се враќа во владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска му се заблагодари на папата Франциск за неговите 12 години служба како поглавар на Римокатоличката црква.
Руските сили утринава го нападнаа електроенергетскиот систем на украинската државна железничка мрежа во областа Днепропетровск.
Германија оцени дека рускиот претседател Владимир Путин „игра игра“ со новите напади врз Украина, и покрај тоа што претходно беше постигнат договор за ограничено примирје во телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.
Во сојузната држава Ново Мексико вчера беснееше бурa од прашина, што го отежна патувањето по автопатите, а Националната метеоролошка служба испрати итно предупредување за нулта видливост и негативни здравствени ефекти за бебињата и постарите лица.
- Во последната деценија, Европа изгуби повеќе членки отколку што доби. Ако ние не се прошириме, ќе влезат други, изјави Мецола за „Еурактив“.
Судот во Кина осуди на смрт поранешен истражувач на висока технологија поради продажба на доверливи информации кои се државна тајна, соопшти кинеското Министерство за државна безбедност.