Шефот на Националниот здравствен комитет на Кина, Леи Хаичао, изјави дека просечниот животен век на Кинезите во 2024 година достигнал 79 години, што е за 0,4 години повеќе од претходната година.
Руските специјални сили пробија голем гасовод неколку километри до градот Суџа, во обид да ги изненадат украинските сили како дел од големата офанзива за потиснување на украинската армија од западниот дел на руската област Курск, објавија денеска руски воени блогери.
Франција ќе ја искористи каматата од замрзнатите руски средства за да го финансира купувањето оружје за Украина во вредност од 195 милиони евра, изјави денеска францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорни во интервју за економскиот неделник „Трибјун“.
Во интервју за „Паризиен“, Баро изрази уверување дека европскиот самит, што се одржа во четвртокот во Брисел, ќе биде „одлучувачки за европската безбедност колку и формирањето на НАТО во 1949 година“.
Синдикатот Верди претходно ги повика персоналот на земја, ракувачите со багаж и персоналот за обезбедување на аеродромите да стапат во еднодневен штрајк.
Турските власти приведоа 112 лица во Истанбул за време на демонстрациите на Меѓународниот ден на жената, ослободувајќи ги сите освен еден кој остана во притвор, соопштија денеска организаторите.
Најмалку шест лица загинале во руски напади врз Украина во последните 24 часа, соопштија регионалните власти.
Руската војска се обиде да го врати градот Суџа, кој е под контрола на Украина, во западниот руски регион Курск, испраќајќи војници преку гасовод, соопштија украински воени власти.
Папата Франциск имаше мирна ноќ и се одмара, соопшти утрово Ватикан во редовниот извештај за здравствената состојба на поглаварот на Католичката црква.
Украинските сили во текот на ноќта и утринава извршија серија напади со дронови во неколку руски региони, пренесе Еуроњуз повикувајќи се на украински медиуми.