Војната во Украина следната недела е високо на дипломатската агенда, а се очекуваат неколку разговори на високо ниво, јави Би-Би-Си.
Работната сила во Италија старее и сега има речиси 10 милиони работници на возраст над 50 години, објави италијанскиот завод за статистика, Истат.
Шефицата за надворешна политика на Европската унија Каја Калас изјави дека руските напади врз Украина во текот на ноќта покажуваат дека Кремљ „нема интерес за мир“.
На Меѓународниот ден на жената, Обединетите нации во Авганистан ја повикаа талибанската влада да ги укине тековните ограничувања наметнати на авганистанските жени и девојки.
Маж со палестинско знаме се искачи на кулата Елизабета во Вестминстерската палата, на која се наоѓа Биг Бен, јавија денеска британските медиуми.
Отповиканиот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол утринава го напушти притворот во Сеул по наредба на обвинителите, откако судот го прифатил барањето на Јун да го укине налогот за негово апсење, соопшти обвинителството.
- Ноќта беше мирна, папата се одмара, се вели во кусото соопштение. Не се откриени повеќе детали за здравјето на 88-годишниот поглавар на Католичката црква.
Германската министерка за развој Свења Шулце денеска предупреди дека жените и девојките ширум светот се соочуваат со сè поголеми предизвици, наместо да го гледаат Меѓународниот ден на жената како причина за славење.
Тропскиот циклон Алфред преку ноќ помина во „тропска бура“ и сега се движи кон копно, поради што властите ги предупредија граѓаните на Австралија да останат во своите домови.
Повеќе од 35 лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале две возила на австралиските вооружени сили (АДФ) во близина на Лизмор, во северниот дел на Нов Јужен Велс.