Расте бројката на истраги, обвиненија и замрзнат имот од Европското јавно обвинителство
Европското јавно обвинителство (ЕППО) на крајот на 2024 година имаше 2.666 активни истраги, што е 38 отсто повеќе отколку во 2023 година, со проценета штета од 24,8 милијарди евра или 22,5 отсто повеќе од претходната година, покажа денеска објавениот извештај на оваа институција.