Локалните медиуми посочуваат дека ваков пад е забележан низ цела Европа во првите четири месеци од годината – намалување од 37,2 отсто.
Портпаролот Куш Десај изјави дека администрацијата ги разгледува сите опции за исполнување на директивата на претседателот Доналд Трамп „да се направи Холивуд повторно голем“, пренесе Си-Ен-Ен.
Премиерот на Романија, Марсел Чолаку денеска поднесе оставка, еден ден по убедливата победа на крајната десница во првиот круг од претседателските извори и поразот на кандидатот поддржан од неговата Влада.
На Лондонската берза барел нафта се тргуваше за 59,83 долари што е намалување за 1,46 долари. Додека на американските берзи барел нафта поевтини за 1,55 долари односно се тргуваше за 56,74 долари.
Ватикан соопшти дека сите 133 кардинали помлади од 80 години, кои имаат право да учествуваат во изборот на нов папа, пристигнале во Рим пред конклавата што почнува в среда.
Советот на директори на инвестицискиот конгломерат „Беркшир хатавеј“ едногласно го избра Грег Абел за нов главен извршен директор на компанијата, соопшти денеска американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Би-Си“, повикувајќи се на извори запознати со одлуката.
Она што Вучиќ го режираше во врска со неговата посета на САД може да го направи само ментално растроена личност. И она малку кредибилитет и углед што го имаше во меѓународните кругови, ако воопшто го имаше, Вучиќ го изгуби.
Шпанското обвинителство денеска објави дека започнува истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките концентрациони логори каде што биле депортирани од Франција откако избегале од диктатурата на Франциско Франко.
Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретајо денеска го презентираше новиот пропис, со заострени критериуми за натурализација на странците.
Норвешката царина соопшти дека кокаинот е пронајден на 3 април во девет гајби со банани, со проценета улична вредност од 170 милиони круни (15,5 милиони евра).