Но, Грција и Египет го оспоруваат договорот кој Чавушоглу го потпиша со неговиот либиски колега Наџла Мангуш.
„Го поздравувам ослободувањето на Игор Мурашов“, напиша шефот на МААЕ Рафаел Гроси на својот Твитер профил и додаде дека добил потврда дека генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје се вратил дома „жив и здрав“.
– За нас тоа е прашање на живот или смрт, за нашата безбедност денес и нашиот опстанок утре, рече Гутереш во изјавата за новинарите во седиштето на ОН во Њујорк.
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева денеска изјави дека 48 земји се изложени на глобалната криза со храна, а половина од нив се многу ранливи.
Швајцарија има сериозен системски проблем со расизмот кон луѓето со африканско потекло, се вели во извештајот објавен денеска од Советот за човекови права на ОН.
-На меѓународната сцена треба да работиме заедно да се справиме со глобалните предизвици и бруталната агресија на Русија врз Украина. Денеска соработката меѓу демократиите е поклучна од било кога, рече првиот дипломат на ЕУ.
Унгарскиот Парламент денеска го усвои првиот од серијата нацрт-закони за борба против корупцијата за да се осигура дека земјата нема да го загуби финансирањето од Европската Унија.
Европските власти се сомневаат дека експлозијата во близина на шведските и данските води е саботажа, што Москва набрзо се обиде да ја препише на Западот, посочувајќи дека САД имаат корист од тоа.
Дракс управува со најголемата електрана во Британија, согорувајќи милиони тони дрвени пелети класифицирани како обновливи извори на енергија.
Пет убиства од изминатите неколку месеци се чини оти се дело на едно лице, соопшти полициската управа на Стоктон, град во американската сојузна држава Калифорнија, јавија дел од светските медиуми.