Според руски политичар, украинското барање за забрзан влез во НАТО е повик Алијансата да војува против Русија
Барањето за забрзан прием на Украина во НАТО, поднесено од украинскиот претседател Володимир Зеленски, звучи како покана до Алијансата да влезе во директен вооружен конфликт со Русија, оцени денеска претседателот на меѓународниот комитет на руската Дума, Леонид Слуцки.