Долниот дом на рускиот Парламент, Думата на 29 септември ќе дебатира за присоединување на окупираните делови на Украина, јави руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на неименуван извор
Бројот на мигранти, кои загинаа во несреќа во близина на сирискиот брег, кога потона бродот со кој патуваа од Либан се искачи на 94, јави сириската државна телевизија
Надгробниот споменик на британската кралица Елизабета Втора вчера е официјално откриен во дворецот Виндзор, пет дена по нејзиниот погреб, соопшти Бакингемската палата
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров синоќа, во говор на 77. годишна сесија на Генералното собрание на ОН го обвини Западот за „русофобија без преседан“
Италијанците денеска ќе гласаат на, како што се нарекуваат клучни избори, во време кога Европа страда од последиците од руската војна во Украина
Кубанците денеска на референдум ќе одлучат дали сакаат истополови бракови и сурогат мајчинство
Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета од неодреден тип во морето во близина на нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската армија
Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, во денешниот говор на генералната дебата на сесијата на Генералното собрание на ОН ги повика Украина и Русија да не дозволат „прелевање“ на војната.
Полицијата во Лаос заплени 33 милиони таблети метамфетамин и 500 килограми кристал метамфетамин, изјави денеска официјален претставник на Агенцијата на ОН за борба против дрога и криминал.
Повеќе од 730 лица се приведени на денешните протести во Русија против мобилизацијата, соопшти руското движење за заштита на човековите права ОВД-Инфо.