Најмалку едно лице загина во силниот земјотрес што го погоди централниот пацифички брег на Мексико
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Њујорк се сретна со шефовите на дипломатиите на Ерменија и Азербејџан, а како што соопшти Стејт департментот, тоа е прв директен разговор меѓу двете земји по граничните судири овој месец, во кои загинаа десетици луѓе
Украина соопшти дека нејзините сили навлегле подлабоко на исток во територијата што неодамна ја напуштиле Русите, отворајќи го патот за потенцијален напад врз окупациските сили на Москва во регионот на Донбас
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди на нееднаков пристап до образованието низ целиот свет
Европската Унија ги повика иранските власти да ги пронајдат одговорните за смртта на младата Махса Амин, која почина во полициски притвор пред 3 дена
САД и талибанските власти во Авганистан денеска разменија заробеници, при што американски воен ветеран е разменет за авганистански воен лидер осуден во САД на доживотна казна затвор.
Литванија, Летонија, Естонија и Полска од денеска заеднички воведоа дополнителни ограничувања за руските државјани кои сакаат да влезат на нивна територија.
„Искрено се надеваме дека ништо сериозно не се случило”, напиша на Твитер мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор
Кралицата Елизабета Втора е погребана по приватна церемонија во Виндзор, соопшти вечерва британското кралско семејство.
Воени злосторства и злосторства против човештвото најверојатно биле извршени за време на конфликтот во Етиопија, што почна во ноември 2020 година, соопшти денеска група експерти во Женева, каде нивниот извештај беше претставен на Советот за човекови права на ОН.