Георгиева: Силната зима може да доведе до социјални немири во Европа
Силната зима може да доведе до социјални немири во Европа, каде руската инвазија на Украина веќе доведе до страшни економски последици, поради што постои страв од рецесија, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.