Кипарската Влада одобри имунизација со ажурираната вакцина против Ковид-19
По препорака на Министерството за здравство, Владата на Кипар одобри имунизација со ажурираната вакцина против Ковид-19, прилагодена за заштита и од варијантата Омикрон, што ќе се прима како трета или четврта доза, јави дописничката на МИА од Атина.