ЛВМХ ќе вложи 65 милиони евра во весникот „Ле Паризиен“ за да ги покрие загубите
Гигантот за луксузни производи ЛВМХ, предводен од милијардерот Бернар Арно, ќе вложи 65 милиони евра во медиумската група „Ле Паризиен“, која ја контролира, со цел да ги апсорбира нејзините загуби, јави дописникот на МИА од Париз.