Шефот на НАСА оцени дека Кина би можела да ја преземе Месечината како дел од воената програма, притоа посочувајќи на повиците на Пекинг за изградба на заедница на нации во вселената
Украинскиот гувернер на окупираната област Луганск, Серхи Хајдај, на својот канал Телеграм изрази сомнеж за способноста на проруските сепаратисти да ја вратат стабилноста во новоокупираните области на Украина
Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко во интервју за британски Телеграф предупреди дека надежите за мировен договор со Владимир Путин се „обични илузии“
Казахстанските министерства за енергетика, внатрешни работи, финансии и Комитетот за национална безбедност потпишаа заедничка наредба со која се воведува забрана за извозот на нафтени деривати со копнен сообраќај
По повод прославата за Денот на независноста на САД, американскиот претседател Џо Бајден истакна дека основните слободи се загрозени, па ги повика граѓаните на обединување и „принципиелен патриотизам“ кога земјата се соочува со економски предизвици и национални поделби
Бројот на странски платеници во Либија делумно е намален поради војната во Украина, наведува експертот на ОН, Чалока Бејани
По падот на регионот Луганск украинските вооружени сили се распоредени на нови одбранбени позиции во регионот на Доњецк, каде што продолжуваат да ги контролираат големите градови
Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 36 се повредени, меѓу кои и двајца полицајци од Филаделфија, во вчерашниот вооружен инцидент во предградие на Чикаго
Австралиските власти прогласија вонредна состојба поради силното навреме и поплавите што ја зафатија југоисточната сојузна држава Нов Јужен Велс
Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк при што беа убиени шест, а ранети повеќе од 36 лица