Џон Ли е новиот лидер на Хонг Конг, поддржан од Кина
Џон Ли е новиот лидер на Хонг Конг, на местото на Кери Лам, откако вчера положи заклетва на функцијата, за време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг, по повод прославите на 25-годишнината од враќањето на територијата од Велика Британија во Кина, јави ДПА.