Руските сили и сепаратистичката милиција тргнаа во офанзива на градот Лисичанск, а украинската војска на тоа подрачје трпи големи загуби, објави руското Министерство за одбрана
Амбасадорот на Европската Унија (ЕУ) во Обединетите нации (ОН) Олоф Скуг изрази загриженост од можен неуспех на преговорите по однос иранската нуклреарна програма
Градот Барселона од денеска ја спроведува новата одлука за забрана за пушење на плажите во ова туристичко место
Јаир Лапид стана привремен премиер на Израел, откако Парламентот вчера гласаше да се самораспушти, активирајќи ги петтите избори во земјата за нешто повеќе од три години
Турското регулаторно тело за електронски медиуми денеска го забрани пристапот до веб-страниците на американскиот државен медиум Гласот на Америка (ВоА) и германскиот државен медиум Дојче веле (ДВ) на турски јазик
Знамето на Европската Унија симболично беше поставено во пленарната сала на украинскиот Парламент, а претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен одржа говор преку видео линк во чест на кандидатскиот статус за влез во ЕУ за Украина
Украинската криза може да заврши на три начини, истакна поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за весникот „Спектејтор“
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска во Лондон ќе се сретне со премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, со која ќе разговараат за прашања поврзани со безбедноста и билатералните односи
Вистинската демократија во Хонгконг започна по неговото враќање на Кина, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на церемонијата по повод 25-годишнината од враќањето на градот од Велика Британија на Кина
Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт разговарала со нејзината шпанска колешка Маргарита Роблес за потенцијална испорака на тенкови од германско производство од Шпанија за Украина