Лидерите на земјите-членки на Г-7 се согласија до крајот на годината да формираат „климатски клуб“, по предлогот на германскиот канцелар Олаф Шолц
Судот во американската сојузна држава Луизијана го блокираше законот на таа држава, кој би можел повторно да ја воведе забраната за абортус
Русија ја прошири листата со американски имиња, чие влегување во земјата не е дозволено, а на неа се најдоа и сопругата и ќерката на претседателот на САД, Џо Бајден
Карантинот за патниците кои пристигнуваат во Кина од странство е намален од 21 на седум дена во хотел и три дена домашен надзор, објави денеска Националната здравствена комисија
Германските власти соопштија дека повеќе предмети со непроценлива вредност земени од Африка за време на колонијализмот, ќе бидат трајно вратени назад
Лидер на екстремистичката група поврзана со Ал Каеда е убиен во американски воздушен напад во Идлиб во северозападна Сирија, соопштија американски претставници и сириска невладина организација
Лидерите на Г7 ќе ветат до пет милијарди долари за да ја подобрат глобалната безбедност на храната во услови на претстојна криза со глад, предизвикана од руската инвазија на Украина
Некои претставници на Белата куќа се сомневаат дека Украина некогаш ќе може да ја врати целата територија што ја изгуби од Русија во изминатите четири месеци од војната, дури и со потешко и помодерно оружје што САД и нивните сојузници планираат да го испратат
Европа минува низ седмиот бран на Ковид-19, во голема мера објаснет со новите соеви на вируси кои имаат силен капацитет да ја избегнат заштитата создадена од вакцинацијата и претходните инфекции
Цените на нафтата денеска пораснаа на трета последователна трговска сесија поради неизвесностите поврзани со глобалното производство, кои се закануваат дополнително да ја заострат понудата на пазарот