Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе
Поради војната на Русија против Украина, а не поради западните санкции, глад ќе погоди дополнителни 40 до 50 милиони луѓе, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен во Берлин, каде што се одржува конференција за глобалната криза со храна пред состаноците на Г7.