Руското Министерство за одбрана ќе разговара со Турција за формирање на црноморски коридор за извоз на украински житарици, објави синоќа Тасс, цитирајќи го портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков
Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со лидерите на главните опозициски политички партии кои би можеле да формираат парламентарни групи во собранието по изборите одржани во неделата
Американските сенатори, претставници на двете партии, во текот на вчерашниот ден го претставија нацрт законот за ограничување на пристапот до огнено оружје
САД почнаа со дистрибуција на вакцина за деца постари од шест месеци. За неколку дена, вакцината треба да биде достапна низ целата земја, информираше координаторот на Белата куќа за Ковид-19, доктор Ашиш Јха
Петнаесет лица, меѓу кои и осумгодишно дете, загинаа во руско гранатирање во регионот Харков (североисточна Украина), изјави синоќа Олег Синегубов, гувернер на регионот
Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо вчера изјави дека го напушта „Движењето пет ѕвезди“ за да формира нова парламентарна партија, поддржана од премиерот Марио Драги
Соединетите Американски Држави денеска изразија поддршка за членката на НАТО, Литванија, во однос на заканите на Русија против Вилнус, која воведе ограничувања за некои стоки кои минуваат низ нејзина територија за руската енклава Калининград.
Германски самоодни хаубици пристигнаа денеска во Украина, со што Германија за првпат по рускиот напад на 24 февруари испорача тешко оружје.
Соединетите Американски Држави одлучија да ја ограничат употребата на противпешадиски мини, придружувајќи им се на другите земји ширум светот, вклучително и сите сојузници на НАТО, во забраната на тоа оружје, соопшти денеска Белата куќа.
Советот на Европската унија, со оглед на зголемените закани за новинарите, а со тоа и пречките за слободата на изразување и информирање, денеска донесе заклучоци за заштита и безбедност на новинарите и медиумските професионалци.