Излезни анкети во Франција: Премиерката Елизабет Борн е избрана, претседателот на собранието Ришар Феран е поразен
Премиерката на Франција Елизабет Борн е избрана за првпат за пратеник во шестата изборна единица во Калвадос, со 52,3 отсто од гласовите, според првите проценки на ИФОП. Таа го победи кандидатот на Нупес, Ное Гошар (47,7 отсто), јави дописникот на МИА.